Во желбата за одржување ритам со водечката Брегалница, фудбалерите на Тиквеш денеска од 15 часот гостуваат на Победа во Прилеп во 20. коло од Втората лига – Исток.
На останатите дуели, пак, интересно и во Радовиш каде Кит Го гостува на Плачковица за продолжување на успешната резултатска серија.
Избраниците на Емил Грнев се повеќе од мотивирани за продолжување на успешната серија резултати, сега желни за враќање на победите по она претходно реми (2-2) со Победа на домашен терен.
„Не очекува тешко гостувањето во Радовиш. Како и секоја друга екипа навистина го респектираме противникот. Може да кажам дека има одлична атмосфера во екипата, максимално сме мотивирани за дуелот во Радовиш. Со добра и тимска игра, како и досега, желбата е да се вратиме на победите“ – вели Бојан Рајков.
ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (20. коло, денеска, 15 ч.)
Победа – Тиквеш
Плачковица – Кит Го
Осогово – Каменица Саса
Росоман – Кожуф
ВЧЕРА
Слога Виница – Брегалница 1-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА