Белградска манекенка: Ми понудија 60.000 евра за да му наместам „секс-скандал“ на Ѓоковиќ

Манекенката Наталија Чекиќ ги шокираше сите во Србија со признанието дека нејзините менаџери и нивните соработници се обиделе да му наместат „секс-скандал“ на Новак Ѓоковиќ само со цел да го уништат неговиот брак со сопругата Јелена.

Планот бил Наталија да го заведе Новак и да сними сексуална афера, а потоа да ја објави во јавноста. За тоа и понудиле меѓу 50 и 60.000 евра.

„Еден човек ми се јави, тој е од Белград и го познавам, мислев дека е сериозен менаџер. Кога ме контактираше, мислев дека ме бара за сериозна работа, да преземе оглас или да се фотографира. Кога разговорот започна, кога тој ми го кажа планот, најпрво помислив дека е скриена камера, почнав да се смеам … Се чинеше дека е шега, но не беше така. Тие навистина подготвуваа пеколен план. Ми рекоа да го однесам Новак некаде на некое интимно место и да го снимам сето тоа. Понудата беше од 50 до 60 илјади евра и патување на дестинација по мој избор. Сето тоа беше навредливо за мене. Јас не сум таква девојка, не сум спонзоруша или проститутка. Можам само да замислам што би било ако се снимаше такво видео и како такво беше објавено во јавноста. Ќе беше тотален хаос. Ѓоковиќ не заслужува такви работи,“ откри Чекиќ.

 

локалното списание Свет.

Се вчитува...