Аталанта на рутина ја освои Верона

Аталанта прокнижи нови бодови на калчолигашката табела откако попладнево како гостин славеше против Верона со 0-2. Гасперини одмори дел од стандардните првотимци на овој меч, но тоа не се одрази врз случувањата на теренот, па гостинскиот состав рутински стигна до победата.

Верона солидно парираше во првите триесетина минути, се додека еден домашен дефанзивец не одигра почетнички со рака во шеснаесетникот, по што Малиновски од пенал го доведе гостинскиот тим во водство. До крајот на полувремето Аталанта веќе водеше и со 0-2, по одличната соло-акција на Дуван Запата.

Ова беше петти триумф на Аталанта во последните шест калчолигашки кола, со што тимот од Бергамо со израмни со Јувентус на делба на третото место на табелата („старата дама“ има и два меча помалку од Аталанта).

Се вчитува...