Кристијано Роналдо минатиот викенд стигна до бројката од неверојатни 770 погодоци, за што португалскиот ас доби честитики и од Пеле, како признание што стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот.
Пред денешниот дуел со Беневенто португалскиот голгетер доби подарок – специјален дрес на Јувентус со бројката 770, но и со назив „Најдобар на сите времиња“.
Претседателот Ањели му го врачи на Роналдо дресот GOAT – Greatest Of All Time, за одбележување на неверојатното остварување на Португалецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

