Челси е третиот полуфиналист во ФА Купот на Англија откако „сините“ многу потешко од очекувањата го скршија отпорот на Шефилд Јунајтед, триумфирајќи со 2-0.
Тимот на Томас Тухел важеше за апсолутен фаворит во ова четвртфинале, но домаќините се соочија со неочекувани проблеми. На крајот, доволен се покажа автоголот што го постигна Норвуд кон средината на првото полувреме, кога фудбалерот на Шефилд неспретно интервенираше при обидот на Чилвел и го изненади сопствениот голман.
Пулишиќ имаше по една убава шанса во првото и во второто полувреме, за потоа завршните триесетина минути да минат во доминација на гостите од Шефилд. Сепак, и покрај неколкуте создадени шанси напаѓачите на Шефилд не успеаја да го совладаат Кепа, кој е најзаслужен за пласманот во полуфиналето на својот тим. Во судиското продолжение од второто полувреме „сините“ ставија печат на победата со голот што го посстигна „резервистот“ Зијеш.
Покрај Челси, дел од полуфиналето во ФА Купот ќе бидат и Манчестер Сити и Саутемптон, а за последното место вечерва ќе се борат Лестер и Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

