Снегот одложи четири дуели во Втората лига, сите ќе се играат во среда

Поради обилни врнежи на снег, службените лица на натпреварите констатираа, а Комисијата за натпревари при ФФМ одложи четири натпревари во второлигашката конкуренција кои беа закажани за денеска, од 20. коло.

Во Втората лига – Запад одложени се натпреварите во Дебар меѓу Кораби и Велазерими како и дуелот во Боговиње меѓу Дрита и Гостивар.

Во Втората лига – Исток, пак, се одложени натпреварите во Радовиш меѓу Плачковица и Кит Го и оној во Прилеп меѓу Победа и Тиквеш.

Натпреварите ќе се одиграат на 24. март (среда) со почеток од 15 часот.

Се вчитува...