Поради снежните врнежи четири натпревари од денешната второлигашка конкуренција беа одложени за 24. март (среда) согласно одлуката на Натпреварувачката комисија при ФФМ.
Во Втората лига – Исток се одиграа два натпревари. Каменица Саса го изненади Осогово на домашен терен сосема заслужено победувајќи со 0-2, со головите на Саше Дуков уште во 7. минута и Виктор Марковски во 90. минута.
Кожуф, пак, запиша убедлива победа од 1-4 на гостувањето против Росоман. Гевгеличани уште по првото полувреме се стекнаа со предност од 1-2 која до крајот беше зголемена.
ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (20. коло)
Осогово – Каменица Саса 0-2
Росоман – Кожуф 1-4
Победа – Тиквеш (одложен, 24. март)
Плачковица – Кит Го (одложен, 24. март)
ВЧЕРА
Слога Виница – Брегалница 1-2
Во Втората лига – Запад, денеска се одигра само еден натпревар. Тетекс славеше со 2-1 против Велешта. Стрелец на головите за тетовци беше Хусеин Демири погодувајќи во 15. и во 75. минута.
ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (20. коло)
Тетекс – Велешта 2-1
Кораби – Велазерими (одложен, 24. март)
Дрита – Гостивар (одложен, 24. март)
Охрид – слободен
ВЧЕРА
Кадино – Скопје 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА