Младата селекција во Анталија стартуваше со тренинзи пред силниот меѓународен турнир (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Младата репрезентација на Македонија предводена од селекторот Боби Милевски, денеска во полн состав со комплетниот повикан список репрезентативци отпатува за Анталија каде ја очекува силен меѓународен турнир во рамките на подготовките за новиот квалификациски циклус.

Надежите во својата база во Лара Кунду во близина на Анталија, веќе го одработија и првиот тренинг.

Единствено на мала повреда на бутниот мускул се жали офанзивецот Марко Ѓоргиевски, но се верува дека ќе биде подготвен барем за еден дуел на турнирот во Анталија каде Македонија треба да игра со Казахстан (24. март), со Словачка (27. март) и со Бугарија (29. март).

 

Се вчитува...