Македонските ракометарки со перфектни три победи на три натпревари го завршија настапот на претквалификацискиот турнир што во изминатите три дена се одржуваше во Скопје.
Денешниот триумф над Грција беше далеку потежок од очекувањата, но радува покажаниот карактер, да се крене нивото во второто полувреме по индиспонираниот прв дел и на крајот да се стигне до триумф што дополнително ќе ја зголеми самодовербата пред баражот за пласман на СП.
Јасно е, нивото ќе мора уште повеќе да се крене против ривали кои секако ќе бидат многу поквалитетни од овие три во Скопје, но Македонија покажува потенцијал и напредок што може само да радува.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА