Милан е решен да не се откаже од трката за скудетото откако „росонерите“ вечерва славеа на незгодното гостување против Фиорентина со 2-3, користејќи го „киксот“ на Јувентус за зацврстување на второто место на табелата, но и приближување на шест бода разлика (и меч повеќе) во однос на лидерот Интер.
Златан Ибрахимовиќ со својот 15. овосезонски погодок го отвори резултатот, но домашните фудбалери возвратија и направија целосен пресврт. Сепак, голот на Рибери како да ги разбуди „росонерите“, кои заиграа далеку подобро во завршните триесет минути, најпрвин Брахим Дијаз погоди за израмнување на 2-2, пред Чалханоглу да го комплетира пресвртот за гостите од Милано.
HAKAN CALHANOGLU slots it in from half a chance!! Fiorentina 2 – 3 Milan ?⚫️ pic.twitter.com/OYxGsUVDzH
— RossonARI TV (@rossonaritv) March 21, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА