Дејан Манасков и Веспрем уште повеќе се зацврстија на чело на табелата во унгарскиот шампионат по триумфот на денешното големо дерби против Пик Сегед со 27-23.
Пик Сегед во првото полувреме целосно му парираше на актуелниот првак, на одмор се замина само со еден гол предност за Веспрем (11-10), за Манасков и соиграчите да одиграат на највисоко ниво во самата завршница, осигурувајќи го големиот триумф.
Македонскиот репрезентативец беше меѓу најдобрите поединци во својот тим постигнувајќи пет гола, исто колку и Ненадиќ. Прв стрелец на Пик Сегед на ова дерби беше Шоштариќ со седум, пред Кашпарек со пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА