Прва лига – ПОД ЛУПА: Вардар се понемоќен, „пандевци“ се извлекуваат, „лавовите“ со среќен крај…

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 24. КОЛО

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Бесарт Ибраими (Шкендија)

Се враќа полека во формата која ја посакуваат сите навивачи на Шкендија. Одличен натпревар за Бесарт Ибраими во убедливата победа над Вардар во која партиципираше со погодок и со две асистенции.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Жикица Тасевски (Македонија ЃП)

Жикица Тасевски успеа да ги склопи коцките за повеќе од значајна победа на неговиот тим на ‘жешкото’ гостување против Ренова во Тетово. Мудра игра на „лавовите“ против секогаш цврстата Ренова за три бода кои и тоа како се важни во битката за европски излез.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Чарлестон (Македонија ЃП)

Македонија ЃП во 93. минута дојде до триумф и значајни три бода од гостувањето против Ренова. Пресврт-победата ја донесе Чарлестон со убав погодок со глава, мајсторски снаоѓајќи се пред голот на домашните.


========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Тешкa црвено-црна пролет…

Се вчитува...