Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, ја започна 313. недела на врвот на АТП-листата. Српскиот тенисер го подобри рекордот за уште една недела, кој до неодамна го држеше Роџер Федерер успевајќи да се задржи на врвот со вкупно 310. недели.
Гледајќи вкупно досега, Новак ја започна седмата година на првата позиција, бидејќи минатата недела ја заврши шестата и освои 12.008 поени. Зад него се наоѓа Русинот Данил Медведев со 9.940, трет е Рафаел Надал со 9.670, а четврти е Доминик Тим со 8.625.
Стефанос Циципас е следен на десеттото место со 6.950, Роџер Федерер со 6.375, Александар Зверев со 6.070, Андреј Рубоjов со 5.101, Диего Шварцман со 3.640 и Матео Беретини со 3.453.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА