Ракометарите на Пелистер во вторник го пречекуваат Магдебург во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на Европа. Пикерот на битолчани, Никола Маркоски вели дека ќе дадат се од себе за да го изненадат големиот фаворит.
„Секој натпревар со бундеслигаш е голем натпревар. Штета што нема публика да биде поинтересно. Ќе дадеме сè од себе да извелечеме добар резултат во Битола, па во реваншот ќе се бориме колку што можеме. Секако дека Германците се фаворити, ние ја имаме улогата на аутсајдери и наше е да покажеме дека тоа не е така. Карактеристиките за нивниот најдобар ракометар Безјак ни се познати. Добро влече полуконтра и игра еден на еден, така да ќе се обидеме да го затвориме. Голема улога во играта на Магдебург има и десниот бек со шутевите од надворешните позиции“, вели Маркоски.
Натпреварот во арената „Боро Чурлевски“ во Битола е закажана за утре во 20:45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА