Романија е ривалот што женската ракометна репрезентација го доби на денешната ждрепка за двојки од баражот за СП 2021. Откако славеа на трите средби од претквалификацискиот турнир во Скопје, нашите ракометарки полни со оптимизам ќе влезат во двомечот, во кој сепак фаворитската улога ќе му припадне на романскиот состав.
Романија е една од ретките селекции кои учествувале на сите досегашни 24 светски шампионати во женска конкуренција, серија што Романките ќе се обидат да ја продолжат и по двомечот со Македонија. Главен адут на нашиот следен противник ќе биде Кристина Неагу, а оваа селекција ќе се обиде да се врати во посакуваниот ритам откако не одигра на највисоко ниво на последниот европски шампионат, каде го освои 12. место во конкуренција на 16 репрезентации.
Првите средби се закажани за 16/17 април, а реваншите за 20/21 април.
ДВОЈКИ ЗА БАРАЖОТ
Романија – МАКЕДОНИЈА
Русија – Турција
Чешка – Швајцарија
Словенија – Исланд
Словачка – Србија
Украина – Шведска
Австрија – Полска
Унгарија – Италија
Португалија – Германија
Црна Гора – Белорусија
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА