Јувентус неочекувано загуби на домашен терен од Беневенто и сега заостанува десет бода зад водечкиот Интер. Иако директорот на клубот Фабио Паратичи застана зад тренерот, претседателот ја Јуве, Ањели, е премногу бесен на Пирло и неговиот пристап кон играта.
„Ла Стампа“ ја пренесува веста дека по мечот дошло до конфликт во соблекувалната. Наводно, Андреа Ањели влегол во соблекувалната на Јувентус и „врескал“, а упатил и сочни пцовки. Тоа била кулминација по гневот и слабите резултати во домашното првенство и Лигата на шампионите во кои беа елиминирани од Порто.
Истиот медимм јавува дека расправата траела неколку минути, а се слушнале и Ањели и Пирло како вербално и жестоко се нападнале. Пирло изгледаше мирен по натпреварот, но ја истакна голема грешка на Артур Мел и поклонетиот гол на противникот, по што следуваше и поразот на актуелниот шампион на Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА