Нов АБА2 „балон“ и нов „да се биде или не“ натпревар на Работнички. Македонскиот најтрофеен состав во првиот меч на Златибор ќе се сретне со Борец Бања Лука од 21 часот, а победата треба да биде единствениот императив против составот кој е при врвот на табелата.
„Црвено-белите“ на Мираковски се наоѓаат во серија од три порази во низа, или четри порази во последните пет натпревар па пред центарци се наоѓа тежок период во кој мора што побрзо да се надмине лошиот период пред клучните натпревари со оглед на тоа што за Работнички да го најде своето место во плејофот на АБА2 потребни се три победи овој балон.
Против денешниот противник на македонскиот претставник нема да му биде нималку лесно поготово со фактот дека „црвено-белите“ ќе настапат без Кирил Николовски, како и Стефан Балмазовиќ кој е позитивен на коронавирус. Центарци мораат да одиграат перфектен натпревар во одбраната на рекетот од високите кошаркари на составот од Бања Лука, а при тоа да го служи шутот за три поени.
Работнички на овој меч ќе им и „познат“ противник во Хејден Лескот кој претходната сезона ги бранеше боите на македонскиот состав, а оваа сезона го носи дресот на Борец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА