Виктор Давидовски ќе продолжи да биде дел од елитните автомобилски натпреварувања и во 2021, откако македонскиот автомобилист и четврта година по ред го пријави своето учество на ТЦР-трките.
Тимот на „PSS RACING“ ќе биде уште посилен во новата сезона, откако во своите редови ангажираше уште еден врвен возач, Аргентинецот Франко Џиролами. Станува збор за помлад брат на шампионот во ВТЦР, Нестор Џиролами.
Франко покажа одличен тимски дух остварувајќи добри резултати на финалето во Јарама, иако токму лани дебитираше на европските ТЦР трки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА