Навивачите на Лидс до Алиоски: Галатасарај е наш смртен непријател, не смееш да одиш таму…

Езгијан Алиоски е на добар пат да си замине како слободен играч од Лидс откако не успеа да се договори околу продолжувањето на соработката со овој англиски премиерлигаш.

Галатасарај е клубот што моментно се наоѓа најблиску до потпис со македонскиот репрезентативец, информација што ги налути фановите на Лидс поради омразата на овој клуб кон турскиот гигант што траае повеќе од 20 години.

Имено, пред полуфиналето од Купот на УЕФА во 2000 година дојде до огромен судир меѓу фановите на двата клуба, при што двајца навивачи на Лидс беа прободени со ножеви и починаа на патот до болницата.

„Алиоски не смее да замине во Галатасарај, овој клуб е наш смртен непријател“, порача еден навивач на Лидс, на што друг се надоврза „Не знам дали Џани е свесен за историјата, но Галата е единствениот клуб каде не смее да замине ако реши да си оди од Лидс“.

Се вчитува...