Долгогодишниот македонски репрезентативец Иван Марковски е стратегот што ја доби одговорната задача да се обиде да го извлече Металург од резултатската криза. „Металурзите“ беа во потрага по нов тренер уште по разделбата од Оливер Димитриоски, се преговараше со неколку тренери, за на крајот да биде постигнат договор со Марковски.
Станува збор за млад стручњак кој заедно со Александар Зарков го почнаа проектот Работник, а потоа се пресели во Франција каде ја водеше сосема успешно женската екипа Авенсоа. Со Французите се раздели кога тие почнаа да ги менуваат договорените услови и се врати во Македонија каде досега беше без тренерски ангажман.
Металург во првите две кола од плејофот има еден пораз (од Пролет) и едно реми (со Струга), така што Марковски влегува во новиот предизвик свесен дека скопскиот суперлигаш нема право на нови „киксови“ доколку сака да обезбеди учество во Лигата н Европа за наредната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА