Сара Ристовска и ЦСКА Москва им се вратија на победите во рускиот шампионат, откако вечерва рутински славеа на гостувањето кај Краснодар со 21-32. Првото полувреме помина во израмнета игра, а гостинскиот тим на пауза замина со предност од само еден гол 14-15.
Сепак, поголемиот квалитет дојде до израз во второто полуврем во кое Ристовска и соиграчките уфрлија во повисока брзина и на крајот стигнаа до лесен триумф од 21-32. Нашата репрезентативка натпреварот го заврши со два гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА