МЗТ Скопје денеска има шанса да го осигура своето место во плејофот на АБА2 лигата на натпреварот против Горица кој е закажан со почеток од 13 часот.
Аеродромци ќе се обидат да се рехабилитираат од поразот во последното коло од Спарс и по трет пат во три сезони да се најдат во позиција да се борат за место кое води во првиот ранг на регионалното првенство. Тренерот Радуловиќ повторно ќе настапи со скратена роцијата, но „сино-белите“ на овој меч ќе ја имаат фаворитската улога против тимот од долниот дел на табелата.
Како и на претходниот натпревар, така и на овој, одбраната ќе биде клуч за осигурување на победата. Ова ќе биде прв меѓусебен натпревар помеѓу македонскиот и хрватскиот претставник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА