Зидан не се плаши ако добие отказ од Реал – Франција и Јувентус во „битка“ за потпис со Французинот

Зинедин Зидан има договор за соработка со Реал Мадрид до летото 2022 година. Легендарниот Французин освои апсолутно сè со „кралевите“, а во последниот период особено се зборува за неговото заминување од клупата, па дури уште ова лето.

Ако 48-годишниот стручњак реши да си оди од Мадрид, Французинот има две понуди за продолжување на неговата кариера.

„Не планирам ништо“, кратко рече Зидан кога шпанските новинари го прашаа дали ќе го води Реал Мадрид и следната сезона.

Првата опција на Зидан е да биде селектор на репрезентацијата на Франција.

„Ако Дидие Дешамп реши да ја напушти селекторската клупа на Франција, тогаш прва личност што би сакал да ја видам е Зидан“, рече претседателот на Француската фудбалска федерација, Ноел Ле Грае.

Италијанските медиуми пишуваат дека челниците на Јувентус би сакале да го видат Зидан на клупата на тимот од Торино. Наводно, тие се подготвени да ги исполнат сите услови што ќе ги побара Французинот. Јуве под водство на Андреа Пирло забележува слаби резултати, па со сигурност на крајот од сезоната ќе бидат направени големи промени во клубот, почнувајќи од тренерската позиција.

Се вчитува...