Франција со реми ги стартуваше квалификациите за СП 2022, но покрај слабиот резултат против Украина дополнителен проблем за селекторот Дешамп претставува повредата на Нголо Канте. Големиот борец ги одигра сите 90 минути од синоќешниот дуел, но утрово се пожалил на болка во мускулот, по што заминал на лекарски прегледи.
Било утврдено дека станува збор за проблем со мускулот, поради што Канте ја напуштил репрезентативната база и дефинитивно нема да настапи на следните средби со Казахстан и со БиХ.
Ова е сериозен проблем и за стратегот на Челси, Томас Тухел, кај кого францускиот играч за врска беше стандарден првотимец. По враќањето во Лондон ќе бидат извршени нови прегледи по кои ќе се знае колку долго Канте ќе биде надвор од терените, во период кога Челси го очекува битка за излез во ЛШ, четвртфиналните дуели со Порто од Лигата на Шампионите, како и полуфиналето од ФА Купот на Англија против Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА