Мираковски: Овој пат среќата беше на наша страна

Работнички им се врати на победите откако во 12. коло од АБА2 лигата славеше над Хелиос Санс во неизвесен натпревар со 66-67. Десеткуваниот состав на Димитар Мираковски одиграа уште еден тежок натпревар, но овој пат среќата беше на страната на македонскиот претставник.

По натпреварот тренерот на Работнички не го криеше задоволството од прикажаното во одбраната, поготово со фактот дека „црвено-белите“ на овој меч настапија со само седум играчи.

„Се виде една исцрпеност кај моите играчи, да не се повторувам, со скратен состав сме, играме само со седум играчи, а и немаме никаква енергија. Меѓутоа се договоривме дека ќе играме цврста одбрана и натпревар на мал број на поени со оглед на тоа што немаме свежина. Честитки до екипата на Хелиос, тоа е една квалитетна екипа која изгуби голем број на натпревари во последни секунди. Можеа и они да го добијат мечот и немаше да биде незаслужено. Меѓутоа како и завчера, така и со МЗТ и ние изгубивме неколку натпревари во последнта минута, но овој пат нам ни се посреќи. Тоа е кошарката“ – изјави по натпреварот Димитар Мираковски.

 

Се вчитува...