Лејкерс тонат без Леброн, Фокс го „скрши“ Голден Стејт (ВИДЕО)

Серијата на порази за актуелниот шампион на НБА лигата се искачи на четири во низа откако Лејкерс изминатата вечер беа поразени од Филаделфија со 101-109. Дени Грин блесна против својот поранешен клуб со 28 поени и 5 скока, додека Сет Кари додаде 19 поени. Кајл Кузма беше првото име кај домаќините со 25 поени и 9 скока, дедека Монтез Харел додаде 20 поени и 8 скока.

Сакраменто стигна до убедлив триумф од 141-119 над Голден Стејт на крилјата на Деарон Фокс кој со 44 поени и 7 асистенции го предводеше тимот од главниот град на Калифорнија. Холмс додаде 25 поени и 11 скока. Голден Стејт настапи без Стеф Кари, а лидерската улога ја превзема Ендри Вигинс со 26 поени и 10 скока.

Во останатите натпревари Портланд славеше над Мајами со 122-125, Њујорк со 106-102 беше подобар од Вашингтон, додека Клиперс славеа над Сан Антонио со 85-9.

Се вчитува...