Работнички стигна до четвртата победа во АБА2 лигата откако славеше над Хелиос со минимални 66-67 во 12. коло од регионалното првенство. Натпреварот против словенскиот претставник беше незвесен до самиот крај, но среќата овој пат беше во полза на нашиот најтрофеен клуб.
Херојот во „црвено-бело“ беше Љубомир Младеновски кој го одигра натпреварот на кариерата откако мечот го заврши со 20 поени и 14 скока од кои шест во противничкиот рекет. Македонскиот репрезентативец имаше и две украдени топки, од кои една беше клучна за победата на Работнички на 68 секинди пред крајот, која му овозможи на центарот да забие на спротивната страна. На крајот се воспостави дека тоа беа и последните поени на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА