За момент сите останаа без здив – Тенисер се сруши среде натпревар (ВИДЕО)

Вистинска драма се случи на еден од терените на АТП турнирот во Мајами, откако Британецот Џек Дрејпер се сруши на земја. На 19-годишниот тенисер од Велика Британија му се слоши за време на мечот против Кукушин на почетокот на вториот сет, по што падна на теренот.

Во Мајами температурата се искачила над 30 степени, па не е ни чудо зошто се случил овој колапс на тенисерот.

Со резултат 6-5 во првиот сет, Дрејпер изгледаше збунето и побара лекарска помош. Лекарот му го измерил крвниот притисок по падот, по што се чинеше дека тој сè уште може да продолжи и да се врати на теренот. Сепак, тоа не се случи. Се чинеше изгубен, а неколку минути подоцна се сруши и падна.

“Имав период кога не играв тенис. Паднав бидејќи имав вртоглавица. Не можев да се справам со оваа ситуација. Треба да ја подобрам физичката подготвеност”, изјави Дрејпер, кој се зарази со коронавирус во јануари.

 

 

Се вчитува...