Руските спортисти кои ќе освојат медал на Летните олимписки игри во Токио, место химната ќе слушаат музика на Петар Илич Чајковски. На Русите им е забрането да на игрите во Токио да ја користат националната химна и знамето поради казната од Светската антидопинг агенција.
Затоа спортистите од оваа земја во Јапонија, но и подоцна на ЗОИ во Пекинг 2022 година, за одличја ќе се борат под неутрално знаме. Прво од рускиот олимписки комитет предложија да се пушта „Катјуша“, меѓутоа судот за спортска арбитража го одби предлогот бидејќи таа песна директно асоцира на Русија што на некој начин ќе биде кршење на суспензијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА