Харден: Јас сум МВП, едноставно е… (ВИДЕО)

Со трејдот во редовите на Бруклин, Џејмс Харден повторно заигра кошарка. Супер-ѕвездата игра сезона во врвна форма, а истата ја круниса со дабл-дабл од 44 поени и 14 скока, на кои додаде и 8 асистенции во победата од 113-111 на својот тим над Пистонс изминатата вечер.

Задоволството од својата форма не ја крие ни самиот бек на Бруклин, кој на новинарско прашање околку МВП наградата одговори дека не само што треба да биде ставен во листата на кандидати за престижната награда, туку таа му припаѓа нему.

„Се осеќачувствувамм како МВП. Мислам, едноставно е. Не сакам да се фалам сам себе, но ќе завршам со тоа. Бројките зборуваат сами за себе, а ние победуваме. Само тоа ќе го кажам“, изјави Харден.

Супер-ѕвездата од преминувањето во редовите на Бруклин бележи просек од 25.4 поени, 11.5 асистенции и 8.7 скока по натпревар и е еден на најзаслужните за тоа што „црно-белите“ имаат скор од 24-7 во новата година.

Се вчитува...