Почнува новата сезона во Ф-1: Првата пол-позиција за Макс Ферстапен

Макс Ферстапен ќе ја тргне од пол-позиција првата трка од новата сезона во Формула 1 шампионатот што ќе се вози утре во Бахраин. Холандскиот возач извозе извонредно во последниот круг, остварувајќи за четири десетинки од секундата подобро време од она на актуелниот првак Луис Хамилтон.

Британскиот возач, кој во изминатите денови се жалеше на перформансите на својот болид, на крајот мораше да се задоволи само со второто место, пред тимскиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас.

Зд Ботас утрешната трка ќе ја стартуваат Леклер, Гасли, Рикиардо, Норис, Саинц… Себастијан Фетел продолжи со очајните изданија од ланската сезона освојувајќи го 18. место, а веднаш зад поранешниот шампион ќе се најде Мик Шумахер, кој во болидот на Хас го имаше 19. најдобро време во денешнит квалификации.

Се вчитува...