Работнички подобар од Ренова на тестот во Скопје

Фудбалерите на Работнички триумфираа против Ренова со 2-1 на пријателскиот натпревар кој денеска го одиграа во Скопје, за време на паузата поради репрезентативните настапи.

Двоен стрелец за „романтичарите“ бил Марио Станковски, а единствениот гол за Ренова го постигнал Ален Јашаровски.

Во 25. коло од Првата македонска фудбалска лига, на 4. април, Работнички ќе го пречека Борец а Ренова гостува на Шкупи во Скопје.

Се вчитува...