Чаневски: И покрај поразот се уште не е ништо изгубено

Пелистер загуби со 35-27 на првиот дерби натпревар против Вардар во годинашното издание на Суперлигата. Голманот на битолскиот клуб, Градимир Чаневски вели дека и покрај поразот се уште не е нишо изгубено во борбата за титулата.

„Честитки на противникот за победата. Нашите технички грешки беа клуч за поразот. Треба да го анализираме натпреварот и да ги поправиме грешките. Има уште еден натпревар и мислам дека како тие што може да не победат осум разлика, можеме и ние да победиме. Може ќе имаме добар ден и среќата ќе биде на наша страна“, вели Чаневски. 

Се вчитува...