Од раководството на Гостивар искажаа жесток револт со обвинение за крвнички напад од страна на домашни лица од ФК Дрита на натпреварот во Боговиње од 20. коло во Втората лига – Запад.
Гостивар испушти победа во 92. минута откако домашните израмнија на 2-2, со како што велат погодок од очигледна офсајд позиција.
„Судиите криминално дозволија да ни биде украдена победата. Ецкоски како главен судија дозволи признат гол од три метри офсајд позиција. Но, тоа не беше се. По завршувањето на натпреварот сите ние, раководство, стручен штаб и фудбалери бевме нападани од домашни неслужбени лица кои цело време беа покрај аут-линијата. Двајца од фудбалерите имаат и потешки повреди, па целиот случај е пријавен во полиција и во ФФМ. Срамно што се случува во нашиот фудбал“ – велат од раководството на Гостивар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА