Кристијано Роналдо видно револтиран предвреме го напушти синоќешниот натпревар во Белград меѓу Србија и Португалија во квалификациите за СП 2022.
Откако во последните мигови од средбата не му беше признат регуларен погодок за триумф на Португалците од 2-3, Роналдо гневен го напушти терено, фрлајќи ја и капитенската лента.
По натпреварот веднаш се огласи на својот Инстаграм профил…
„Да се биде капитен на португалскиот тим е една од најголемите привилегии во мојот живот. Секогаш давам и ќе давам се за мојата земја, и тоа никогаш нема да се промени. Но, има и тешки период со кои треба да се носите, посебно кога чувствувам дека е нанесена штета на целата нација. Подигнете ги главите и соочете се со следниот предизвик, веднаш! Напред Португалија!“ – напиша Роналдо на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА