Откако лани не беше прогласен победник во домашното првенство поради ситуацијата со пандемијата, сега плејофот во првенството на Македонија веќе се одржува и одиграни се три кола. Вардар1961 ја забележа и третата победа, овојпат против директниот конкурент за титулата, битолски Еурофарм Пелистер. Во првата пресметка сезонава „црвено-црните” победија со 35-27 за голем чекор кон одбрана на титулата и на 14-от трофеј во клупските витрини.
За тренерот Стевче Алушовски ова беше меч со кој почнува борбата на четири фронта.
„Честитки на екипата на Еурофарм на фер и коректната борба. Одигравме пред сè во одбрана извонреден меч. Крајниот резултат можеби и не е одраз на она што се случуваше на терен. Да бидам искрен жалам што не заврши и со поголема разлика. Сепак, некој да ни понудеше пред натпреварот осум разлика сигурно дека со две раце ќе прифатевме. Им честитам на моите играчи за пожртвуваноста и борбеноста, како и за залагањето, на карактерот кој го покажаа по не знам кој пат. Се она што го договаравме пред почетокот на натпреварот во играта во одбрана го испочитувавме. Дадовме 35 гола и сум презадоволен. Ова е голем чекор кон освојување на 14. титула за Вардар во Супер машката лига“ – истакна Алушовски по синоќешниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА