Американскиот кошаркар Мајк Џејмс повторно го загуби својот препознатливо добар статус во ЦСКА Москва.
На мечот против Уникс Казан, Џејмс беше избрка од страна на тренерот Димитрис Итудис кој очигледно не го сака Американецот во својот тим.
Џејмс се впушти во караница со Итудис на самиот почеток од натпреварот, по што веднаш беше испратен во соблекувалната.
Itoudis vs Mike James: pic.twitter.com/OP9rzprJB1
— Matthias Schmidt (@Dantinho31) March 27, 2021
„Ова го правам веќе седум години. И совршено знам што значи да се претставува ЦСКА, ја знам историјата на клубот. И ја почитувам играта. Пред натпреварот одбрав шест странци за овој натпревар. Што се случи следно? Мислам дека не вреди да се навлегува во детали. Барем засега. Се уште не е време. Вие знаете какви принципи имам и став кон работата. Ме познавате многу добро“ – истакна тренерот на ЦСКА по дуелот, не навлегувајќи подетални околу проблемите со Џејмс, кој очигледно заврши со ЦСКА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА