Навивачи на „црвено-црните“ по вчерашната победа на Вардар 1961 против Еурофарм Пелистер во дербито на Суперлигата на Македонија, го изненадија во соблекувалната еден од своите омилени ракометари, Иван Чупиќ.
Чупиќ вчера го прославуваше својот 35-ти роденден, а тоа не го заборавија и најверните навивачи кои го изненадија со роденденска торта со логото на Вардар веднаш во соблекувалната по завршувањето на натпреварот.
„Ова е наше мало внимание за Иван Чупиќ кој толку многу даде во дресот на Вардар“ – порачаа навивачите на РК Вардар од Драчево.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА