Неубедлив прв дел на македонските репрезентативци во второто коло од квалификациите за СП 2022. Предност од 1-0 за избраниците на Игор Ангеловски по првите 45 минути против Лихтенштајн само благодарение на киксот на гостинскиот голман Бухел кој дозволи погодок на Енис Барди од слободен удар од 30 метри во 7. минута.
Во 12. минута уште еден слободен удар на Барди, овој пат од 18 метри, но гредата од противничкиот гол спречи дуплирана предност.
И тоа беше главно се од македонските репрезентативци, кои потоа се до 37. минута не упатија ниту еден удар кон голот на гостите, без посериозна шанса. Освен двете можности по прекин, во 37. минута капитенот Горан Пандев од одлична позиција од околу 12 метри шутираше само во противничкиот голман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА