Германците со победа над Романија во Букурешт ќе ја чекаат Македонија, Италија ја освои Софија (ВИДЕО)

Германија со две победи на стартот од квалификациите во Групата Ј ќе ја пречека Македонија во третото коло, во среда на 31. март во Дуисбург, откако на гостувањето против Романија во Букурешт славеше со 0-1.

Триумфот на Германците им го донесе Гнабри со голот уште во 17. минута од средбата.

Romania 0 – [1] Germany – Serge Gnabry 16′ from r/soccer


Во Групата Ц, Италија славеше на гостувањето против Бугарија во Софија. Белоти од пенал во 43. минута и Локатели во 83. минута беа стрелци на головите за победа на Италија.

Во Групата Б, Шведска убедливо со 0-3 славеше на гостувањето против Косово. Аугустинсон, Исак и Ларсон беа стрелци на головите за Швеѓаните.

Се вчитува...