Репрезентацијата на Италија синоќа славеше со 2-0 во Бугарија и со тоа го надгради успешниот почеток на квалификациите за СП 2022 година, откако ги отвори со победа против Северна Ирска со ист резултат.
Ова беше 24-ти последователен натпревар без пораз за Роберт Манчини на клупата на Италија и му недостасува само уште еден за да го изедначи учинокот на славниот Марсело Липи, кој од 2004 до 2006 година забележа 25 натпревари без пораз и го освои Светското првенство во Германија.
Од овие 24 натпревари, Италија на Манчини победи на 18. Во тој период, тие ја чуваа празната мрежа 17 пати, а на последните 14 настапи примија само три гола.
“Тешко е да се игра кога противникот игра со сите 11 играчи зад топката и чека контранапади. Додека не ги скршите, има многу малку простор за игра и гол”, објасни Манчини за проблемите на мечот со Бугарија.
Инаку, апсолутен рекордер е Виторио Поцо, кој во 30-тите години на минатиот век на клупата на Италија имаше 30 натпревари без пораз и освои две светски титули.
Roberto MANCINI is unbeaten in 24 matches as Italy’s manager and closing on the all-time record of 30 set by the great Vittorio POZZO (who won two #FIFAWorldCup tournaments in 1934 & 1938) in the 1930s. pic.twitter.com/SNoMcF72PK
— REAL SOCCER FACTS (@RealSoccerFacts) March 28, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА