Еден од фудбалерите од кои многу се очекува во смената на генерации која следи е Ерлинг Халанд. Норвешкото „џудо од дете“ со 20 години руши рекорди и поставува нови граници, а за напаѓачот на Борусија Дортмунд е заинтересирана пола Европа.
Возвишките за одличната форма на Халанд не престануваат, а еден од последните кои говореше на оваа тема е тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, кој впрочем беше и тренер на супер-ѕвездата во Молде.
„Има прав карактер. Во Молде дојде со 16 години, имаше и проблеми со повредите, но веднаш беше јасно за каква личност станува збор. Тој е победник. Уште тогаш се знаеше за каков играч станува збор. Им докажа на сите дека има голем квалитет. Тој ќе има одлична кариера. Го следам, тоа никогаш не сум го криел. Фантастично се снаоѓа во Дортмунд, а ќе видиме каде ќе заврши. Што е до нас, ќе направиме се да постанеме најдобар тим, а тој ќе направи се за да биде најдобар игра“ – изјави тенерот на „црвените ѓаволи“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

