Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски вели дека за секој поединец во националниот тим е чест и задоволство да се игра во кариерата натпревар против повеќекратниот европски и светски шампион, но сето тоа е и мотив да се покаже токму најдоброто и од наша страна.
„Германија не е фаворит само за овој натпревар, туку тоа е противник и кога игра за светска и европска титула. Но, за нас ќе биде чест и задоволство да го играме натпреварот, против еден таков противник. Токму затоа моите момци се подготвени да го дадат максимумот“ – истакна Ангеловски на прес-конференцијата во Дуисбург, веднаш дополнувајќи:
„Импонираат со физичката подготовка, секако и фудбалскиот квалитет. Но, подготвени сме да одговориме како што треба и да покажеме дека сите оние наши досегашни резултати се последица и на наш квалитет“.
Јоаким Лев претходно истакна дека Македонија е „репрезентација премачкана со сите бои која може секого да изненади со својот квалитет и разноликост во играта“.
„По едни такви зборови, кои доаѓаат од еден фудбалски маг и личност како Лев може да кажете само благодарам. Може да кажеме дека и тоа ни дава мотив за игра. Често се вели дека од едни вакви натпревари нема што да загубите, но јас ќе речам дека ова е натпревар од кој може само да добиете!“ – истакна македонскиот селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА