Во препознатливата формација против Германците: Со Елмас, Пандев и Трајковски во нападот

Се чини веќе во голема мера е познат стартниот состав на македонската репрезентација за натпреварот со Германија во квалификациите за СП 2022, кој вечерва од 20:45 часот се игра на МСВ-арената во Дуисбург.

Почетниот тим на македонската селекција, во изборот на селекторот Игор Ангеловски, ќе биде со Аријан Адеми во средниот ред заедно со Енис Барди, а како поддршка од стандардните Стефан Ристовски и Езгијан Алиоски на страничните позиции.

Во дефанзивата се очекува да почне тројката Велковски, Муслиу и Кире Ристевски пред голманот Столе Димитриевски, а во нападот покрај Елиф Елмас и капитенот Горан Пандев, ќе стартува Александар Трајковски.

Македонија за првпат во својата историја игра натпревар со Германија. По првите две кола од квалификациите за СП 2022, националниот тим има победа, против Лихтенштајн (5-0), и пораз од Романија (2-3).

Се вчитува...