Пеп Гвардиола и Манчестер Сити се пред освојување на шампионската титула во Премиерлигата, „граѓаните“ имаат и добри шанси да дојдат до првиот трофеј во Лигата на Шампионите, но на „Етихад“ веќе размислуваат за она што следува следната сезона.
По десет години поминати заедно, Серхио Агуеро и Сити ќе заминат на различни страни, а клубот од Манчестер веќе е во потрага по нов спиц. Главната цел на Гвардиола за ова лето е Ерлинг Халанд, норвешкото „џудо до дете“ кое ги поместува границите со 20 години, но за неговиот потпис „граѓаните“ ќе мораат да „искешираат“ неверојатни 350 милиони евра.
Борусија Дортмунд веќе напомена дека нема да го продаде својот напаѓач за помалку од 180 милиони евра, а на оваа сума треба да се додаде и неговата бруто плата која изнесува околку 700 илјади евра неделно, односно 180 милиони евра за следните пет години.
„Островските“ медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити иднина гледаат во Халад, а „сонот“ за Лео Меси е веќе минато. Покрај Норвежанецот опции за „граѓаните“ се Хари Кејн и Ромелу Лукаку, кои секако би биле поефтино решение.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА