Фудбалскиот сојуз на Италија донесе нова одлука: Буфон добива дополнителна казна за богохулење!

Иако примарно беше казнет само парично, Џанлуиџи Буфон дополнително ќе виде казнет со еден натпревар суспензија заради богохулење на дуелот против Парма на 19 декември минатата година. За време на натпреварот, Буфон беше снимен како упатува пцовка кон Бог, па сè што е кажано можеше јасно да се слушне, а богохулството од 2010 година потпаѓа под посебен протокол за казна. Во слободен превод, италијанската пцовка што ја кажал Буфон значи – „бог е свиња“.

Во февруари, Буфон беше казнет со 5.000 евра по сослушувањето во Фудбалскиот сојуз, а сега е дополнително суспендиран. Брајан Кристантем беше исто така казнет во декември минатата година поради ваква пцовка, а истата судбина ја доживеа и Мануел Лазари во февруари.

Италијанската федерација разгледува уште две ситуации. Првата се однесува на вербалната расправа помеѓу Ромелу Лукаку и Златан Ибрахимовиќ, а втората на конфликтот помеѓу Антонио Конте и претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, минатата недела.

Се вчитува...