Ракометарите на Металург славеа над Пелистер 2 со 26-29 во натпревар од четвртфиналната А група во Купот на Македонија. Домаќините одиграа одлично прво полувреме по кое на пауза заминаа со предност од 15-12.
Сепак, во вториот дел гостите од Автокоманда заиграа далеку подобро и до крајот успеаја да стигнат до целосен пресврт и конечна победа од 26-29. Златко Хорват со осум гола беше најефикасен во победничкиот табор, додека кај поразените Павле Петровиќ заврши со ист број голови.
Во финалето од четвртфиналната група „металурзите“ ќе се сретнат со подобриот од дуелот меѓу Работнички и Голден Арт КЛ7.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА