Бутел и Охрид во битка за пласман на Ф4 во Купот на Македонија

Бутел ќе го предизвика Охрид во финалето од четвртфиналната Г група во Купот на Македонија откако во полуфиналето славеше над Јуниор Кисела Вода со 32-26. Првото полувреме помина во израмнета игра на двата тима, а на пауза се замина со нерешен резултат 14-14.

Гостите добро го отворија и вториот дел и ја имаа предноста се до резултат 21-22, кога домаќините со серија од 6-0 стигнаа до плус пет (27-22) и ги разрешија сите дилеми околу победникот.

Бојан Спасовски и Јовица Младеновски со седум гола беа најефикасни во победничкиот табор, додека кај поразените со ист број голови завршија Мршуља и Барјактаревиќ.

Се вчитува...