Химки по продолженија до триумф над АСВЕЛ

Руски Химки стигна до победа на домашен терен против АСВЕЛ по продолженија од 87-85 во 32. коло од главната фаза во кошаркарската Евролига. По израмнетата прва четвртина Русите одиграа одлично во втората во која на противникот му дозволија само девет поени и на полувреме заминаа со предност од 42-31.

Гостите во финишот успеаја да се вратат, и да го одведат мечот во продолженија, во кои на крајот сепак подобро се снајдоа домаќините. Алексеј Швед со 32 поени беше прво име кај победникот, додека Мики заврши со 28. Кај поразените најдобар беше Јабуселе со 24 поени.

 

 

Се вчитува...