Јоаким Лев како и целокупната германска јавност очекуваше не само победа, туку и убедлив триумф на својата селекција над Македонија. Затоа и тргна малку потценувачки, со Хаверц како „лажна деветка“ без класичен напаѓач во играта против нашиот национален тим, одлука што на крајот му се одмазди на трофејниот стручњак.
Лев не знаеше што го снајде од Македонците, кои одиграа перфектен меч, па беа посилни дури и од судиската неправда и недосудениот чист пенал по играњето со рака на Емре Џан.
Правдата беше задоволена со победничкиот гол на Елмас, по што германскиот селектор остана како „попарен“, не можејќи да поверува што гледа во завршницата од мечот во Дуисбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА